X
 28.03.2020 Здравје

Најдобрите начини да го подобрите расположението додека сте дома

Среќата помага во работата на мозокот, тврди истражувачот Шон Енкор од „Харвард“. Сите би сакале да ја задржиме концентрацијата и да бидеме ефикасни во работата за време на кризата, но во овој период тешко е да се биде позитивен.

За некои луѓе што имаат проблеми со менталното здравје предизвиците може да бидат поголеми. Но науката има добри вести за повеќето. Малите промени во секојдневието може да имаат големо влијание врз расположението. Писателот Ник Вигнал ги претставува овие активности во три групи.


Фото: Pixabay

Движење

Инструкторите по јога и маратонците не се единствените што ќе ве советуваат дека треба да се движите. Науката се согласува со нив. Вежбањето има ист ефект како и лековите, вели истражувачот Џон Рети од „Харвард“. Потешко е да се вежба додека сте затворени дома, но не и невозможно.

Создавање

Во овој несигурен период добро е да се потсетите на сите работи што може да ги контролирате и постигнете. Еден од најдобрите начини да го сторите тоа е да создадете нешто со вашите раце. Тоа не мора да биде совршено, дури ни добро. Најдете нешто да направите, поправите или едноставно исчистите. Во оваа група на активности може да бидат и готвењето и градинарството, препорачува Вигнал.


Фото: Pixabay

Комуницирање

Во време кога сите сме советувани да се изолираме, тешко е да се задржи комуникацијата со другите. Но, за среќа, го имаме интернетот на кој може да се најдат различни групи, но и апликации кои ја олеснуваат комуникацијата на далечина.

Автор: Џесика Стилман
Извор: inc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје