X
 06.05.2022 Живот

Во Македонија има 215 бегалци од Украина, Црвениот крст преку донации испраќа хуманитарна помош

Досега се собрани околу 50 илјади евра. Се очекуваат уплати од неколку компании, па ќе се затвори акцијата. Средствата ќе се употребат да се купи хуманитарна помош која ќе се достави до пограничните магацини во Украина, кои се под Меѓународниот црвен крст, вели Тунева-Пауновска

Македонија засега не е крајна дестинација за бегалците од Украина, но и покрај тоа, Црвениот крст во земјава работи на прибирање помош за населението во оваа земја.
Досега, според податоците на Црвениот крст на град Скопје, во земјава има 215 лица од Украина на кои им е потребна помош и таа е обезбедена.
Ова за Факултети.мк го посочува секретарот на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска, која вели дека паралелно со ова, од Македонија за Украина досега се пратени две пратки хуманитарна помош.

- Тоа се неопходни производи кои се купени од собраните средства преку отворените телефони и сметки за донација. Пратки со храна, вода и хигиенски производи испратени до регионалните магацини на Меѓународниот црвен крст - објаснува таа.

Според Тунева-Пауновска, од Црвениот крст се задоволни од одѕивот на македонските граѓани за донација за украинскиот народ, со оглед на економската состојба во нашата држава.

- Отворени се телефоните за донации 143 400 на сите мобилни оператори, а истото може да се направи и со донација на сметката на Фондот на солидарност. Досега се собрани околу 50 илјади евра. Се очекуваат уплати од неколку компании, па ќе се затвори акцијата. Средствата ќе се употребат да се купи хуманитарна помош која ќе се достави до пограничните магацини во Украина кои се под Меѓународниот црвен крст - заклучува Тунева-Пауновска.


Подготвил: Р.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот