X
 25.04.2018 Наука

Успешно изведена првата трансплантација на пенис и скротум

Хирурзите од Универзитетот „Џон Хопкинс“ ја извршиле првата целосна трансплантација на пенис и скротум на ранет војник.

transplantacija
Фото: John Hopkins Medicine


Војникот, кој останал анонимен, ги изгубил гениталиите поради импровизиран експлозивен уред во Авганистан. Во 14-часовна операција направена минатиот месец тим од 11 хирурзи успеал целосно да трансплантира пенис, скротум и дел од абдоминалниот ѕид од починат донатор на органи на телото на војникот.

Тие ги прикачиле уретрата, артериите, крвните садови, мускулите, нервите и останати работи на пациентот.

„Станува збор за ужасно лоша повреда, со која човек не би се помирил така лесно. Кога се разбудив по операцијата, конечно се чувствував нормално, полн со самодоверба“, изјави војникот.

Иако неколку трансплантации на пенис биле направени во изминатите неколку години низ светот, ова е најобемната трансплантација што некогаш била направена, поради степенот до кој експлозијата го оштетила ткивото на ципите на војникот и неговиот карличен дел.

„Се надеваме дека оваа трансплантација ќе помогне во обновувањето на вообичаените уринарни и сексуални функции за овој млад човек“, изјави шефот на пластична и реконструктивна хирургија на Медицинскиот факултет при „Џонс Хопкинс“.

2
Фото: Johns Hopkins Medicine

Можно е да се реконструира пенисот со користење ткиво од телото наместо да се направи трансплантација, но на пациентите во вакви случаи потребен им е имплант за да добијат ерекција, што доаѓа со поголем ризик од инфекција.

Во видеото „Хопкинс медицин“ покажува како функционира трансплантацијата. Во трансплантацијата не биле вклучени тестиси, што значи дека пациентот ќе има потреба од тестостеронски инјекции кога ќе закрепне. Научниците се подготвувале за трансплантацијата приближно пет години и би можеле да ја искористат истата техника на други повредени ветерани во иднина.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука