X
 25.06.2022 Култура

Каде се наоѓа Македонија на европската мапа според бројот на музеи?

Кои земји во Европа имаат најголем број музеи на еден милион жители? Земјите кои се наоѓаат на врвот се Андора, Сан Марино и Монако, покажува мапа на „Лендгајст“. Во Андора има 324,7 музеи на еден милион жители, во Сан Марино 323,5, а во Монако 265,4.

Од друга страна, најмалку музеи има во Белорусија, Турција и Босна и Херцеговина. Во Белорусија има 1,3 музеи на еден милион жители, во Турција 5,5, а во Босна и Херцеговина 9,6 музеи.



Според мапата, во Македонија има 12,5 музеи на еден милион жители и со тоа се наоѓаме во категоријата на земји со најмалку музеи по број на население. Во околината, Србија има 20,6 музеи на еден милион жители, Бугарија има 33, Грција 45,4, Албанија 28,6, Хрватска 70,2, а Словенија 45.

Црна Гора води во регионот со 159,2 музеи на еден милион жители и со тоа има многу повеќе музеи по број на население и од Франција, Германија, Австрија и Обединетото Кралство.

Извор: Landgeist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура