X
 13.11.2015 Образование

Студирањето во Европа - од 0 до 150.000 евра

ЕКТС (Европскиот кредит трансфер систем) е европски систем за пренос и собирање бодови смислен во 1989 година. Целта на овој систем е поврзување и генерализирање на студиите во Европа, но сепак, да се студира во Англија и да се студира на Балканот се сосема различни работи. Така, во поглед на школарината која се плаќа за студии, земјите значително се разликуваат една од друга.


На Кипар, школарината за додипломските студии во целост е покриена од државата, додека за последипломските треба да се издвои од 5.125 до 10.250 евра.

Најскапите школарини се во Англија, кадешто за додипломски студии годишно се потребни од 10.742 до 11.377 евра, додека за последипломски просекот изнесува 5.051 евра во целото Обединето Кралство. Од друга страна, во Шкотска додипломските студии за студентите од ЕУ се бесплатни, а во Велс школарината стигнува и до 11.377 евра, а во Северна Ирска 4.655 евра.

Во Словенија, школарината за последипломски студии се движи од 2.200 до 156.659 евра, но се доделуваат и многу стипендии.

Во Белгија, во француската јазична заедница школарината зависи од приходите, а просечно изнесува 835 евра, додека во фламанската заедница, иако повторно зависи од приходите, просечната изнесува 620 евра. Во германската заедница школарината изнесува просечно 425 евра.

Во Италија, школарината се движи од 192 до 1.195 евра, во зависност од приходите, програмата и циклусот.

Во Франција има една цена од 189.10 евра.

Во Полска се плаќа 41 евро по циклус, а во Словачка школарината се движи од 10 до 100 евра доколку се заврши во зададениот рок.

Во Шпанија е потребно да се издвојат од 713 до 2.011 евра на додипломски студии, а 1.060-3.952 на последипломски.

Во Ирска, студирањето чини 2.750-6.000 евра за додипломски, а 4.000-30.000 евра за последипломски студии.

Во Летонија, школарината за додипломски студии изнесува 968-3.577 евра, а за последипломски од 818 до 5.333 евра, со тоа што државата ги финансира половина од местата. Во Литванија е слично. За додипломски студии, школарината изнесува 934-5.241 евра, а за последипломски од 2.108 до 6.277 евра, а државата покрива трошоци за половина од местата.

Во Унгарија, школарината за додипломски студии изнесува 740-5.150 евра, додека за последипломски помеѓу 1.449 и 6.117 евра, а државата ги покрива половина од местата.

Во Романија, за додипломски студии се потребни 583-6.728 евра, а за последипломски од 525 до 2.819 евра. Во Бугарија највисоката школарина изнесува 793 евра.

Во Португалија, школарината за додипломски и последипломски студии изнесува од 631 до 1.066 евра, а во Холандија 1.906 евра. Во Луксембург за додипломски студии се потребни 400-800 евра годишно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование