X
 25.07.2022 Живот

Компанија нуди плата од 100.000 долари годишно за дегустатор на слатки производи

Канадска компанија бара главно лице за слатки кое ќе има задача да ги проба сите видови слатки производи, притоа заработувајќи висока плата. Станува збор за компанијата која продава слатки преку интернет „Кенди фанхаус“ (англ. Candy funhouse).

Таа нуди плата од 100.000 долари годишно за работата, која ќе вклучува дегустација на нови производи.

- Сакате слатки и чоколадо? Дали сте страсни за слатките и истражувањето на необјавени и постојни производи? Ако сте, ова е совршена позиција за вас - напишале од компанијата.



Работата се врши од дома, а има можност за работа од Торонто или Њу Џерси. Кандидатите не мора да имаат претходно професионално искуство, но интересот за слатките е неопходен, како и креативност и одлични комуникациски вештини.

Кандидатите не треба да имаат алергија на храна и треба да се подготвени да дегустираат над 3.500 производи месечно.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот