X
 15.06.2022 Живот

Јапонија воведува затворска казна за навреди преку интернет

Јапонскиот парламент одобрил промени во законот со кои навредите на интернет може да бидат казнети со затвор. Во земјата актуелна е дебатата за сајбер-насилство откако телевизиска ѕвезда се самоуби поради лоши коментари на социјалните мрежи.

Според промените во законот, кои ќе стапат во сила летово, корисниците на интернет што ќе упатат навреди онлајн може да бидат казнети со затвор од една година или да добијат парична казна од околу 2.200 долари. Досега казните за ваквите дела биле притвор од најмногу 30 дена и парична казна од околу 75 долари.


Фото: Pixabay

Критичарите на законските промени велат дека тие може да го нарушат правото на говор и да го спречат критикувањето на оние на власт, но според поддржувачите, промените биле потребни. Сеихо Чо, адвокат од Јапонија, предупредува дека промените во законот не даваат јасна дефиниција за навреда и не е јасно што би можело да се смета како казниво дело.

Темата за сајбер-насилство е актуелна во Јапонија последните неколку години, особено по смртта на ѕвездата Хана Кимура. Оваа 22-годишна девојка, која била позната по улога во серија, си го одзела животот во 2020 година, а многумина сметаат дека причината лежи се лошите коментари што ги добивала онлајн месеците пред нејзината смрт.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот