X
 25.09.2023 Живот

Дали знаете за правилото „15 секунди“ во „Лидл“?

Светот брзо се менува, а дигитализацијата сè повеќе влијае врз нашето секојдневие. Сè повеќе трговци на мало нудат голем број услуги.

Сепак, според експертите од индустријата, тие секогаш треба да се придржуваат до временскиот рок, инаку веројатно ќе ги изгубат клиентите на долг рок.

Како што покажуваат различни истражувања, анкети и набљудувања на супермаркети во Германија - „Алди“, „Лидл“, „Реве“, „Едека & Ко“ мора да обрнат внимание на своите клиенти, особено на касата.

Според експертите, важен одлучувачки фактор за успехот или неуспехот на малопродажбата е драматичното намалување на времето потребно за плаќање.

- 15 секунди, не треба да трае подолго, особено за помладите генерации кои се навикнати на брзина - вели Тереза Шлајхер, експерт за трговија во германскиот Институт за иднина.

Секој што стои во редот и ги гледа муштериите како бараат пари, брзо се нервира. Во најлош случај,  нема да се врати повторно во тој супермаркет.

За да преживеат, трговците на мало мора да се приспособат на барањата на клиентите за уште поголема услуга. Станува збор за соработка со други даватели на услуги и поврзување на услуги.

- Конкуренцијата беше вчера, а денес се работи за конкуренција и соработка истовремено - вели Шлајхер.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот