X
 25.11.2016 Култура

Која е вистинската приказна за Црниот петок?

Првата евидентирана употреба на терминот „Црн петок“ беше применета не како викенд шопинг, туку како финансиска криза, поконкретно падот на вредноста на златото во САД на 24 септември 1869 година. Двајца познати финансиери од „Вол стрит“, Џеј Гоулд и Џим Фиск соработуваа заедно за да купат колку што е можно повеќе од националното злато, со надеж дека ќе го продаваат по повисока цена и ќе остварат неверојатни профити. Тој петок во месец септември заговорот беше разоткриен, пазарот на акции доживеа слободен пад доведувајќи ги сите до банкрот од барони до фармери.

Најчесто повторувана приказна за „Црниот петок“ по денот на Благодарноста е поврзана со трговците на мало. Како што приказната продолжива по цела година работење со загуба малопродажните трговци добија идеја како да дојдат до профит по денот на благодарноста.

Во последните години друг мит се појави давајќи пресврт на традицијата, тврдејќи дека назад во 1800 година, сопствениците на Јужната плантажа би можеле да купат робови на попуст по денот на благодарноста.

Сепак вистинската приказна зад „Црниот петок“, сепак, не е радосна приказна, како што трговците на мало може да ве натераат да верувате. Во 1950 година, полицијата во градот Филаделфија го користеше терминот за да го опише хаосот што следуваше еден ден по денот на благодарноста, кога толпа на приградски купувачи и туристи го преплавија градот поради фудбалскиот натпревар помеѓу Армијата и Морнарицата што се одржуваше во сабота секоја година. Не само што полицајците од Филаделфија не беа во можност да земат слободен ден, туку тие мораа да работат во продолжени смени справувајќи се со метежот и толпата народ.

Конотацијата на „Црн петок“ до толку била негативна во Филаделфија што градските трговци се обиделе да го сменат во „Голем петок“. Новиот термин не стана популарен низ целата земја се до 1985 година. Подоцна во доцните 1980-те години трговците најдоа начин да го претворат „Црн петок“ во нешто позитивно за нив и нивните потрошувачи.

Тоа резултираше со успех и наскоро темната приказна за „Црниот петок“ во Филаделфија беше заборавена. Продавниците почнаа да отворат порано тој петок. Според една анкета оваа година еден ден пред денот на благодарноста, од страна на Националната Федерација на малопродажни трговци се очекува 135.8 милиони Американци да купуваат за време на викендот за Денот на Благодарноста, (или 58.7 проценти од анкетираните), додека 183.8 милиони или 79.6 проценти изјавиле дека ќе ги искористат онлајн понудите.

„Црниот петок“ се однесува на:

Црн петок во Велика Британија- последниот петок пред Божиќ.

Црн петок во САД- денот после Денот на Благодарноста.

Велики петок или Црн петок- христијанско почитување на распнувањето на Исус, Петок 13-ти во некои западни земји.

Црн петок низ годините:

Црн петок (1869 година)- скандалот со Фиск-Гоулд, финансиската криза во САД.

Црн петок (1873 година)- падот на Виенскиот берзански пазар што ја предизвика паниката во 1873 година.

Црн петок (1881 година)-„Eyemouth“ несреќата во која загинаа 189 рибари.

Црн петок (1910)- насилен настан за правата на глас на жените во Англија.

Црн петок (1919 година)- битката на плоштадот „George“ од индустриските немири во Глазгов, Шкотска.

Црн петок (1921 година)- објавата на британската превозна Унија на лидери да не се придружува на акцијата за штрајк против намалување на платите на рударите.

Црн петок (1939 година)- еден ден од катастрофалните пожари во Викторија, Австралија.

Црн петок (1944 година) -катастрофален напад на „Black Watch“ (Кралскиот Полк на Хајленд) на Канада во близина на Woensdrecht за време на битката на Scheldt.

Црн петок (1945 година)- воена операција на сојузниците за време на кампањите во Норвешка во Втората Светска Војна.

Црн петок (1960 година)- градот Сан Франциско протестираше против Комитетот „House Un-American Activities Committee“.

Црн петок (1978 година)- масакр на демонстрантите во Иран.

Црн петок (1987 година)- торнадо во Едмонтон, Алберта, Канада.

Црн петок (1993 година)- серија бомбашки експлозии во Мумбаи, Индија.

Црн петок (2005 година) -настан во кој студенти беа убиени во Мегалаја, Индија.

Црн петок (2011 година)- настан на кој неколку онлајн веб- страни за покер беа деактивирани како резултат на САД против покер компаниите Scheinberg et al.

Црн петок (2015 година)- низа терористички напади на 26 јуни 2015 година во Франција, Кувајт, Сомалија, Сирија и Тунис.

Црн петок (2016 година)-ден по референдумот во Велика Британија, кои резултираа со напуштање на Велика Британија, како земја членка во Европската Унија.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура