Ретка средновековна монета – златен динар што му припаѓал на пророкот Мухамед - е ставена на аукција во Лондон. Паричката датира од 732 година. Почетната цена е 1,6 милион фунти, а наддавањето е закажано за 24 октомври.
Во светот денес има само десетина такви монети, од кои повеќето се наоѓаат во приватни колекции или во музеи.
- Оваа паричка е прекрасна. Таа е не само совршено зачувана, туку е и неверојатно ретка. Важен историски документ, вели стручњакот за исламски монети Стивен Лојд.
Златото од кое е направен динарот е добиено од рудник близу Мека, Саудиска Арабија, што се обработува и денес.
Во септември во Лондон беше продадена една друга ретка монета. На бронзеното пени е изделкан профилот на англискиот крал Едвард Осми. Крајната понуда за оваа паричка беше 133.000 фунти, што беше двојно повисока од почетната цена.
Извор: МИА