X
 30.03.2017 Наука

Планетата Нибиру стигнува во Сончевиот систем оваа година?!


Планети
(Фото: Илустрација)

Како што се наведува во многу написи, книги и објави, таму некаде во вселената, надвор од границите на Сончевиот систем, постои огромна планета која е позната под името Нибиру, односно Планетата Девет или планетата Икс.

Се смета дека нејзиното доаѓање во нашиот систем, ќе донесе со себе катаклизмички последици. Но, која е вистината за планетата Нибиру? Дали навистина постои? И дали нејзиното доаѓање во 2017 е само уште една теорија на заговор?

Зекарија Ситчин ја опишува Нибиру како дванаесеттата планета според сумерската космологија. Таа е дом на вонземната раса по име Анануки, екстремно развиена вонземска цивилизација. Нибиру исто така се нарекува и Мардук и се приближува кон Сончевиот систем со екстремна орбита во насока на стрелките од часовникот.

Јапонските научници во 2008 година изјавија дека според нивните пресметки би требало да постои „неоткриена“ планета на оддалеченост од 100 астрономски единици, со величина од две третини од планетата Земја.

И многу други пресметки ја поддржуваат хипотезата за постоење на планатата Нибиру односно планетата Икс. Новинските агенции ширум светот беа многу заинтересирани за мистериозното небесно тело која ги следи границите на нашиот Сончев систем.

Washington Post тогаш објави: „Небесно тело кое потенцијално достигнува големина колку Јупитер е пронајдено во вселената во правец на соѕвездието Орион со помош на орбитниот телескоп на infrared астрономскиот сателит на САД“.

„Сè што можеме да ви кажеме е дека не знаеме што е тоа“, изјави Гери Нојгебауер, главниот научник  задолжен за тој сателит.

Исто така, во напис кој го објави Newsweek,  НАСА откри дека е возможно постоење на десетта планета која орбитира околу нашето Сонце. Според зборовите на нивниот истражувач Џон Андерсон, планетата Икс можеби и навистина ја има таму некаде, но не во близина на нашите планети.

Научниците веруваат дека необичното и чудно движење на објект на надворешните делови од Сончевиот систем, најдобро се објаснува со постоење на анормална орбита на огромна планета која научниците за нарекуваат Планатата Девет или планетата Икс.

Денес, авторот Дејвид Мид верува дека планетата Нибиру ќе влезе во нашиот Сончев систем оваа година и можеби ќе се судри со Земјата во октомври, откако ќе биде привлечена од гравитациските сили на „бинарната ѕвезда“ која е близначка на нашето Сонце, но за која не постојат никакви докази.

Некои дури и сметаат дека Нибиру испраќа „честички од плазматична енергија“ низ нашиот систем. Иако постојат поедини научни индикации дека планета со слични спецификации навистина би можело да постои, научната заедница сепак се согласува дека Нибиру засега е само мит.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука