X
 25.04.2019 Култура

Изгледа како локација од „Гугл Мапс“ - извонредна мапа од Вестерос во висока резолуција

Веќе почна осмата сезона од серијата „Игра на троновите“. Луѓето се прилично возбудени и поради тоа што е последната сезона од оваа мегапопуларна серија. Меѓу фановите е и 25-годишниот уметник Хулио Каерда, кој на креативен начин ѝ посакува добредојде на новата сезона. Овој уметник, на кого картографијата му е хоби, создаде мапа од Вестерос, толку детална, што е совршена репрезентација на комплицираниот свет создаден од Џорџ Р. Р. Мартин.

Хулио е уметник уште од мала возраст. Денес тој работи како илустратор, главно цртајќи диносауруси и други праисториски животни за магазини, книги и музеи, а слаба точка му се фантазијата и поп-културата.

1
Кликнете на фотографијата за да ја зголемите

- Открив за „Игра на троновите“ во текот на втората и третата сезона. Тогаш почнав да ја гледам. Иако ниту еден од моите пријатели не ја гледаше, сите околу мене разговараа за неа, а истото се случуваше и на интернет. Затоа решив да ѝ дадам шанса. Веднаш се заљубив - вели тој.

И не само што ги гледал сериите, туку ги прочитал и книгите.

- Колку и да звучи како клише, морам да кажам дека повеќе ми се допадна пишаната верзија. Светот на Џорџ Р. Р. Мартин бил изграден во текот на многу години и изобилува со добро смислени детали. Некои аспекти едноставно мораа да бидат поедноставени или изоставени во ТВ-адаптацијата. Освен тоа, поради работењето со толкава публика и ограничениот буџет и рокови, пишувањето на серијата е помалку богато и помалку паметно во споредба со оригиналот. Сепак, ми се допаѓа серијата многу и направи одлична работа во оживувањето на книгите - вели тој.

2

- Она што ме тера да ја сакам „Игра на троновите“ е фактот што станува збор за една од најкомплексните приказни што некогаш сум ги видел, заедно со навистина неверојатното градење на еден свет. Барем во книгите, секоја личност и место што се споменати имаат приказна што е претставена во одреден момент и речиси секое дело на ликот има значење подоцна во приказната. Има многу загатки и теории - вели Хулио.

2

- Отсекогаш сум ги сакал географијата и картографијата, и во изминатите неколку години сам создавав мапи. Со премиерата на осмата сезона на серијата почувствував наплив на инспирација, па решив да се обидам да ја претставам мапата на Вестерос на реалистичен начин (како да се гледа од вселената), бидејќи повеќето реконструкции на мапите во „Игра на троновите“ се или поедноставени или традиционални.

6

Мапата на Вестерос е добро документирана. Вкрстив неколку различни извори, со посебно внимание на официјалните мапи „Земјите на мраз и оган“. Ми беа потребни околу два дена за да ги создадам. Ја текстурирав сликата со помош на фотографии од НАСА. Последниот чекор беше додавање на графиките и текстот - вели Хулио.

dorn

Откако ја објавил мапата на интернет, корисниците забележале дека таа личи на Велика Британија и Ирска.

9

zid
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура