Желбата за кариера која не е локациски (а понекогаш и временски) ограничена, станува доминантна кај помладата популација која сè повеќе се решава да „заплива“ во фриленсерските води.
Успешното „пливање“ е секогаш условено од стекнато знаење преку надградба и следење на достапните искуства. Голем придонес во овој напор даваат од
Импакт фондација, кои остануваат доследни на мисијата активно да ја поддржуваат и развиваат фриленсерската заедница во земјава.
Следниот во низата настани на кој е предвидено да се споделуваат знаења и искуства, токму за тие што сакаат да бидат фриленсери, ќе се одржи
оваа среда (28 февруари) со почеток од 18:00 часот во Стартап клуб Скопје (кај “Среќа бар”).
Овој пат партнери на настанот „Од почетник до успешен фриленсер“ се СКАЛА - Школа за дизајн, кои обезбедија двајца одлични говорници:
Горан Стојановски, успешен фриленсер и ментор на курсот „Be free. Be a freelancer“ во Скала, и
Александра Азманова, успешна фриленсерка кој работи како имејл дизајнер во сферата на онлајн трговијата и алумни-студент на Академијата за UX/UI дизајн во Скала.
- Во текот на настанот ќе имате можност да слушнете како успешни фриленсери пливаат во водите на фриленсерството и да дознаете како да го претворите вашиот талент и знаење во успешна кариера без локациски и временски ограничувања – посочува
Огнен Јанкуловски, координатор на проектот од Импакт фондација.
Настанот е од отворен карактер и бесплатен. Единствено, поради логистички причини, потребно е претходно да се регистрирате на следниов
ЛИНК.
Овој настан се реализира во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на овој проект е да се подобри пристапот на младите до можности за обука и вработување преку промоција на фриленсерството како кариера. Овој проект започна во октомври 2023 и ќе се спроведува до април 2024 година.
Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
(Комерцијална објава)