Сите ученици и студенти имаат свои ритуали и суеверија, без разлика дали станува збор за пеење среќна песна пред испит или носење среќна облека. Еве неколку суеверија за кои студентите од Азија веруваат дека играат улога во среќата на испитите.
Јаболко
Мензите во кампусот на Универзитетот на Хонгконг служат јаболка и разни оброци со ова овошје за време на испитните сесии. Изговорот на зборот јаболко на кинески јазик значи и безбедност, па затоа се смета дека безбедно ќе го положите испитот доколку јадете јаболко.
Фото: Pixabay
Не се мие косата
За време на напорното учење можеби некогаш заборавате да се истуширате, но не грижете се. Во Јужна Кореја се смета дека со миењето на косата може да се измие и знаењето.
Молитва
Многу студенти во Источна Азија ја имаат поддршката од родителите, а најзагрижените родители одат да се молат во будистички храмови секој ден во текот на 100 дена пред испитите.
Фото: Pixabay
Тестенини и пилешка супа
Во Јужна Кореја се смета дека супата од морски алги може да направи да го заборавите она што сте го учеле, па затоа се одбегнува пред испитите. Од друга страна, некои студенти јадат тестенини на денот на испитот бидејќи зборот на кинески значи дека сè оди како подмачкано.
Јужнокорејците веруваат и дека традиционалните лепливи слатки може да ви помогнат да го положите испитот. Студентите во Малезија, Хонгконг, Сингапур и Кина пијат пилешка супа додека повторуваат за испитот бидејќи се смета дека таа ја поттикнува работата на мозокот.
Црвена долна облека
Во Кина се верува дека црвената боја носи среќа, а многумина веруваат дека е добра идеја да се носи црвена долна облека за време на испитите.
Извор:
Studenti