Како што поминува времето, Југославија ќе биде сѐ поубава во нашите очи бидејќи за нас тоа не е имагинација, идеологија или апстракција, ниту романтизирана приказна за некои минати времиња.
За југоносталгичарите од нашиот ков, тоа не е ниту комунизам, ниту партиски состаноци, ниту шпиони задолжени за секоја улица, ниту досадни ТВ-дневници, ниту крути политичари, ниту братство и единство, ниту Јосип Броз Тито, ниту служење војска, ова не се сите Срби, Хрвати, Словенци, Бошњаци и Црногорци во една држава.
За нас, ЈУГОСЛАВИЈА е спомен на нашата младост, нашата нераскинлива врска со првите знаења, првите љубови, првите победи, првите восхитувања. Во неа почнавме да одиме и да зборуваме, тоа беше нашата прва идентификација. Бевме доволно големи за да го видиме сето убаво и доволно млади за да не разбереме или да сфатиме сериозно сè што е грдо.
За нас, Југославија е уникатна збирка на мириси, вкусови и спомени што ги носиме за луѓето кои повеќе не се со нас и за нештата што веќе ги нема. Историите може да се фалсификуваат, вкусовите и мирисите не, затоа Југославија е нашиот белег и дневник на растење.
ЈУГОСЛАВИЈА е нашата дуња од плакарот што ја чуваме и ни мириса сè поубаво - тие што ја немаат не можат да ја разберат.
Извор: fenomeni.me
Фото: Facebook/Yugoslavia in Pictures