X
 10.11.2018 Култура

Последните денови на Фреди Меркјури: Последното поглавје од животот на славниот пејач

Биографските филмови успеваат да ни ги доближат драматичните животи на познатите личности уште од најраните денови на киното. Се чини дека сме гладни да ги видиме чекорите што ги направиле нашите идоли, да ги следиме нивните животи. Во случајот на популарните музичари, нивните приказни вклучуваат алкохол и употреба на дрога, бурни љубовни афери, триумфи и порази. Таквите сцени обично тешко се репродуцираат, особено музиката и уникатните потези на светски познатите ѕвезди.

Новиот биограски филм за Фреди Меркјури целосно ги менува клучните настани во ивотот на Меркјури. Во филмот е прикажано како Фреди ги сретнал членовите од групата, неговата девојка Мери и Џим Хатон, неговиот долгогодишен и последен партнер. Исто така, прикажува како тој им кажува за неговата дијагноза на ХИВ на пробите во 1985 година. Но, вистината е дека Фреди не ја знаел дијагнозата до 1987 година, а неговите колеги од бендот не знаеле за неговата болест до 1989 година.

Ваквите непрецизности се малку збунувачки со оглед на тоа што Брајан Меј и Роџер Тејлор во филмот беа креативни консултанти, присутни за време на продуцирањето на филмот.

Видеото подолу помага да се пополнат празнините, односно она што не го знаете за последните години на Меркјури, заедно со интервјуа, тв клипови и снимки за време на изведбите. Иако Меркјури бил многу болен во текот на овој период, тешко се гледа, и повеќето луѓе кои биле околу него, воопшто не знаеле.

Дознаваме дека неговите најблиски пријатели, колеги и членови од групата до последната минута одбивале да веруваат за сериозноста на неговата болест.

-Некако одбивавме да прифатиме колку беше лоша - признава Брајан Меј.

Самиот Меркјури одбивал да си признае самиот себеси, потопувајќи се во музиката за да може да продолжи.

-Колку што стануваше поболен, толку му беше поголема потребата да снима, да си даде себеси нешто, причина за да стане - вели Меј.

Прераната смрт на Меркјури била трагична, но тој херојски ја пречекал. Иако членовите од групата се бореле да се соочат со вистината, тие се собрале околу него за поддршка, и во животот и во смртта. Кога таблоидите започнале злобно да го клеветат и нападнат, Меј и Тејлор го бранеле својот пријател.

-Имаше одговорен однос кон сите со кои беше близок. Тој беше дарежлива и грижлива личност со сите луѓе што поминаа низ неговиот живот. Се чувствуваме обврзани да го браниме бидејќи тој не може да се брани себеси - вели Меј.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура