Дали знаевте дека годишно од молња умираат повеќе од 4000 луѓе во светот? Жртвите може да страдаат од краткорочни и долгорочни ефекти, како срцев удар, конфузија или напади.
Сте имале ли прилика да запознаете некој со вакво искуство? Тие знаат да ја задржат нивната облека која не е многу уништена, ако истата не се фрли од медицинските лица, за преку нив понатаму да ја раскажуваат приказната.
Семејството на Џејм Сантана е едно од многуте кое се сеќава на ваков настан по едно саботно попладне во април 2016 година. Џејм јавал коњ со неговиот зет, Алејандро Торес, во Феникс, Аризона кога биле сведоци на молња во близина на куќата каде што отседнале. Врнело малку дожд, само не неколку метра од имотот. Алејандро не бил долго време онесвестен и кога се разбудил лежел со лицето свртено кон земјата, а коњот не бил до него. Двајца други јавачи биле потресени, но неповредени. Алејандро го барал Џејм кога одеднаш видел чад кој излегува од неговите гради. Три пати се борел со пламенот и три пати се разгорел. Додека да дојдат лекарите и да сфатат што се случува, Џејм всушност бил погоден од молња.
Неговите блиски мислеле дека е мртов, но надеж сѐ уште имало ако веднаш се оперира. Џејм имал абнормален ритам на срцето, крварење во мозокот, гребаници на белите дробови и оштетување на други органи, вклучително и белиот дроб. Имал изгореници од втор и трет степен на петтина од телото. Лекарите го ставиле во хемиски индуцирана кома за две недели за телото да почне да му се опоравува.
По 5 месеци тој се враќа дома од рехабилитација, но тој не може да оди. Некои лекари сепак му даваат надеж дека целосно ќе се рехабилитира.
Освен телесни повреди, последиците од удар на молња може да бидат и ментални. Чести се промените на личноста и расположението, што може многу лошо да се одрази во семејството и бракот.
Некои луѓе тврдат дека можат да претчувствуваат кога ќе удре молња со часови пред да се случи, но експертите на ова гредаат со неверување. Дополнително на ова и по децении истражувања многу прашања останале неодговорени затоа што нема доволно финансии.
Електрицитетот и телото
Кога некој е удрен од молња тоа се случува толку бргу што само мала количина на електрицитет минува низ телото. Големата светлина што се случува е само „ефект на искрење“. Како што се движи низ телото би можела да дојде во контакт со пот или капки дожд, и во тој случај би можело да се случи „парна експлозија“, при што облеката би експлодирала.
Големите молњи можат привремено да го зашеметат срцето, но за среќа тоа има природен пејсмејкер. Поголем проблем настанува ако дојде до делот во мозокот што е одговорен за дишењето, при што би се намалил дотокот за кислорот, а притоа би било и многу тешко да се преживее.
Што да правите за време на невреме со молњи?
Некои велат да се избегнуваат планински врвови, високи дрвја, или било што од вода. Ако сте во група луѓе стојте раздалечени и не легнувајте на земја. Но, постојат смртни случаи кои се случиле во различни околности, а меѓу нив и такви во кои се следеле овие
препораки. Експертите се едногласни и советуваат да бидете во затворен простор.