X
 18.09.2016 Наука

Најдолгата молња ги изненади научниците

Научниците сведочеле на молња долга 321.1 километар, што е речиси еднакво на растојанието помеѓу Њу Јорк и Вашингтон. Ова е рекордно најдолга молња која е регистрирана. Молњата се појавила на небото над Оклахома во 2007-та, но Светската метеоролошка организација сега официјално ја прогласи за најдолга молња која некогаш била забележана.



Во исто време, научниците потврдиле уште еден рекорд. На молња која се појавила во јужна Франција во 2012 година, поврзаноста помеѓу земјата и небото и траела 7.74 секунди. Просечнто времетраење е скромни 0.2 секунди. Кај молњата од Оклахома вредноста е 5.7 секунди. За жал, нема видео на кое ова може да се погледне.

Во секој случај, молњите се толку пролонгирани, што метеоролозите ја промениле дефиницијата за тоа што всушност претставува молња. Првично, молњата се опишува како серија на електрични процеси кои се случуваат во една секунда. Но сега, дефиницијата е променета во електрични процеси кои континуирано се случуваат.

Сеуште не е јасно како молњата која се појавила во јужна Франција траела 39 пати подолго отколку просечна молња. Дури е и шокантно што модерната наука сеуште нема дефинирано што ги предизвикува молњите. Иако на Земјата се појавуваат 40 до 50 молњи секоја секунда, метеоролозите сеуште немаат доволно информации за навистина да го разберат и објаснат овој феномен.
Подготвил: М.П.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука