X
 26.05.2020 Живот

Загрозен сахарски гепард забележан во Алжир по една деценија

Биолози во Алжир првпат во една деценија забележале сахарски гепард, подвид кој е наведен како критично загрозен на црвената листа на Меѓународниот сојуз за заштита на природата, соопштија тамошните одговорни за националните паркови.

Животното било забележано во националниот парк Ахагар (планински масив кој се наоѓа во централниот дел на пустината Сахара), соопштил службеникот Салах Амокране.

Гепардот е причично различен од другите африкански гепарди. Влакното на неговото крзно е пократко и посветло.

Овој подвид последен пат беше забелажан на планинскиот масив Ахагар во 2008-10, кога со камери-замки биле снимени четири единки.

Во 2012 година Меѓународниот сојуз за заштита на природата процени дека останатата популација во Алжир е само 37 единки.

Извор и насловна фотографија: Science Alert
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот