X
 26.06.2019 Технологија

Внимателно со „Гугл календар“, еден клик може скапо да ве чини

Многу луѓе за организација на деловниот и приватниот живот се потпираат на можностите на календарот на „Гугл“. Покрај тоа што веднаш можете да пристапите до него, тој со текот на годините добиваше и голем број можности кои дополнително го олеснија неговото користење.

Една од тие можности е и автоматското создавање настани, односно внесувањето покани на некој настан во календарот. Дури и ако не сте одговориле на поканата, календарот ќе ве потсети на настанот.

Меѓутоа, не се само корисниците тие што ги користат предностите на календарот на „Гугл“. Тие предности ги препознаа и сајбер-криминалците. Така, експертите за безбедност предупредуваат на измама која се шири на апликацијата, а која може скапо да ги чини корисниците.

Хакерите испраќаат електронска порака со автоматски повик кој „Гугл календар“ веднаш го запишува во календарот како настан. Обично се споменува дека корисникот освоил некаква награда или дека го очекува трансфер на пари. Невнимателните корисници кога ќе видат таков настан, кликнуваат на линкот кој ги води до лажна страница на која од нив се бараат лични податоци или број на картичка.

Со оглед на тоа дека повикот на прв поглед изгледа како легитимен, корисниците не посветуваат многу внимание на него и на неговата исправност. 
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија