X
 26.06.2020 Живот

163 нови случаи, тројца починаа од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 163 нови случаи на Ковид-19 од направени 1.074 тестирања. По градови: Скопје-70, Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1, Ресен-1.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42 г.) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71 г.) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83 г.) хоспитализирана на 23 јуни.


Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.758, бројката на оздравени пациенти е 2.206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.284. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2.800, активни 1.862

• Куманово 725, активни 269

• Дебар 89, активни 37

• Штип 304, активни 182

• Прилеп 242, активни 21

• Тетово 628, активни 371

• Струга 193, активни 111

• Велес 173, активни 30

• Битола 45, активни 15

• Охрид 140, активни 116

• Кавадарци 14, активни 8

• Гостивар 102, активни 61

• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 14, активни 10

• Крива Паланка 15, активни 9

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 6, активни 3

• Кочани 66, активни 29

• Пробиштип 14, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 5, активни 2

• Берово 2, активни 1

• Валандово 6, активни 4

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 4, активни 1

• Свети Николе 24, активни 22

• Кичево 16, активни 12

• Ресен 89, активни 85

• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.074 теста се преку: ИЈЗ –476, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –104, Биотек –69, МАНУ -116, Жан Митрев (Филип Втори) -148, Судска медицина-11, Систина со PCR метода -114 и ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања за Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.


На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на Ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19.


Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 421

• Аеродром - 143
• Бутел - 139
• Гази Баба - 149
• Центар – 125
• Карпош – 125
• Сарај – 139
• Кисела Вода – 107
• Ѓорче Петров – 88
• Студеничани – 95
• Шуто Оризари – 76
• Арачиново – 53
• Илинден – 30
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-51

Фото: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот