X
 14.07.2020 Здравје

Докторите забележуваат нови симптоми на Ковид-19 кај помладите пациенти

Пандемијата е далеку од завршена со оглед на тоа што земјите продолжуваат да рушат рекорди со бројот на новите случаи на заразени од коронавирусот. Како што растат случаите, докторите забележуваат нови карактеристики на Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот. Вирусот не станал посмртоносен, но пациентите имаат различни симптоми.

Статистиките покажуваат дека има поголем број заразени лица во 20-тите и 30-тите години во САД, а овие пациенти имаат различни симптоми на Ковид-19 од постарите пациенти. Високата температура, која беше еден од најчестите симптоми, поретко се среќава кај младите пациенти.


Фото: Pexels

Во САД расте бројот на млади лица што се хоспитализирани, а спектарот на симптоми продолжува да се проширува, па често се среќаваат млади пациенти без температура, но со болка во абдоменот, вели доктор Вилијам Шафнер. Други чести симптоми кај помладите пациенти се вртоглавица, дијареја, губење на чувството за вкус и мирис и силна главоболка.

Сите овие симптоми, освен болката во абдоменот, се наоѓаат на листата со симптоми на американскиот центар за контрола и спречување на болести. Меѓутоа, на листата не се споменува болка во мускулите или делови од телото како потенцијален симптом. 


Фото: Pexels

Ова се набљудувања на докторите, но сепак се значајни. Понатамошни истражувања за симптомите на болеста кај помладите пациенти може да им помогнат на експертите подобро да ја разберат болеста.

Автор: Крис Смит
Извор: bgr.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје