X
 07.03.2017 Наука

Руски научници тврдат дека го пронашле лекот за рак

Научници од руската лабораторија „Ломоносов“ кои соработувале со колеги од Европа, тврдат дека пронашле начин истовремено да го дијагностицираат и лечат ракот.

лек за рак


Новиот метод подразбира користење на наночестички силициум за откривање и уништување на ќелиите на ракот со помош на ултразвук. Притоа, новиот метод не би штетел на здравите ќелии.

„Пронајдовме режим со тераписко дејство врз ќелиите на ракот кој не доведува до масовно уништување на ќелиите, но доаѓа до уништување на интерцелуларни органели со наночестички,“ открива Андреј Свиридов од Московскиот државен универзитет „Ломоносов“.

Тој метод доведувал до појако терапевтско дејство.

Свиридов и неговите колеги кои работат под раководство на професорот Виктор Тимошенко, создале посебни наночестици од силициум, обложени со специјален полимерен состав, кои можат истовремено да се користат и за изучување и за убивање на ракот со помош на ултразвук. Главниот проблем во ваквите методи до сега бил што ултразвукот и наночестичките кои се апсорбираат често делуваат неселективно и го уништуваат не само туморот туку и здравите ќелии, а и брзо се раствораат во организмот, па научниците не можат да ги изучуваат. Ова е сега решен проблем.

Овие честици научниците ги испитале на култура од ќелии на рак од човечки грклан и тоа со употреба на ултразвук и присуство и отсуство на наночестички. Експериментите покажале дека „чист“ ултразвук не делува на ќелиите на ракот, но комбинацијата со наночестичките полека ги убива.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука