X
 26.07.2023 Живот

Орден за заслуги за Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.

Церемонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19:30 часот.

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на „Леб и сол“, култната македонска група која со своето дејствување ја испиша современата македонска музичка историја.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот