X
 25.10.2019

Електронските цигари можна причина за смрт на 34 луѓе во САД

Американскиот Центар за контрола и превенција од болестите соопшти дека во САД од мистериозно белодробно заболување починале 34 лица. Болеста се поврзува со употребата на електронски цигари.

Според Центарот, мистериозното белодробно заболување е регистрирано кај 1.604 лица во различни места во САД, а 34 потврдени случаи имало во 24 американски сојузни држави.

Иако не е точно утврдена причината за белодробното заболување, Центарот за контрола и превенција од болестите истакнува дека заедничко кај сите заболени е употребата на електронски цигари.

Досега во Европа нема податоци за белодробната болест.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk