На социјалната мрежа „Редит“ секојдневно има многу духовити, интересни, a често и поучни теми и дискусии меѓу корисниците.
На темата „Аск Редит“, еден корисник постави прашање што ги ангажира корисниците од цел свет:
Кои се најголемите вести во вашата земја за оваа година?
Луѓето од сите краеви на светот ги пренесуваат главните новости од нивните земји за оваа година. Интересно е да се види на едно место што се случува во земјите, директно од нивните жители, а не од медиумите. Моментално ова е најискреното и најавтентично прикажување на состојбата во светот на интернет што со невидена брзина ги поврза луѓето од сите краеви на светот.
Прв се јави корисник од Полска со веста што неодамна ја потресе оваа земја, а што го шокира и целиот свет.
- Овде Полска.
Убиство на градоначалникот на Гдањск во текот на најголемиот светски хуманитарен настан. Психопат кој само што излегол од затвор поради неколку неуспешни грабежи на банка го избоде до смрт, во живо на сцената. Навистина тажно бидејќи луѓето сега се уште повеќе политички поделени и тензиите се високи во мојата земја.
Со трагични новости на европскиот континент се јави и Северна Ирска.
- Тука Дери од Северна Ирска. Бомба експлодира во судница минатата година, а освен тоа, постоеше опасност од уште 4 бомби.
Соседна Шкотска ја тресе политичко-сексуална афера на поранешниот премиер Алекс Салмадон, кој овој месец беше уапсен и обвинет за сексуална злоупотреба. Формално е обвинет за вкупно 14 кривични дела - 2 обиди за силување, 9 сексуални напади и кршење на мирот.
Шпанија го оплакува двегодишното момче Хулен, кое паднало во тесен бунар длабок околу 100 метри на 13 јануари во близина на градот Малага. Откако момчето паднало во длабоката дупка, спасувачите ископале два тунела и користеле експлозив. Цела Шпанија будно го следела случајот и до последниот момент се надевала на позитивен исход, но момчето било пронајдено мртво оваа сабота.
Освен Шпанија, оваа вест ја потресе и цела Европа.
- Ова ја расплака цела нација. Сите го следеа стримингот, плачев со часови (Белгија тука).
Во меѓувреме, од Белгија пристигнуваат убави вести.
- Во Брисел 32.000 ученици, помлади од 18 години, ја напуштија наставата на училиште за да протестираат против климатските промени.
Се јавија и неколку корисници од скандинавските земји и од Швајцарија за да кажат дека кај нив нема никаква драма, а најлошото нешто е што е студено.
- Финска. Многу е студено. Ама навистина многу. Ништо повеќе.
- Уште еден Финец потврдува. -30 степени е сега, што е прилично студено.
Од Данска јавуваат дека го слават првото освојување на Светското првенство во ракомет. Убаво е да се види дека има земји од кои пристигнуваат позитивни вести.
Во Норвешка, земја каде што не се случуваат големи злодела, последните неколку месеци се одигрува филмско сценарио.
- Жена милијардер е киднапирана и ја држат за огромен откуп. Вакво нешто овде не се случува многу често, па тоа е прилично голема вест. Ја држат од ноември, но дури сега веста излезе во јавноста.
Од земјата „down under“ јавуваат:
- Во Австралија се соочуваме со топлотен бран. Топлотни бранови, пожари, тепачки, циклони, поплави.
-Значи сѐ по старо? - прашува друг корисник.
Најдобриот
коментар што покажува колку е ова идилична земја, доаѓа од Нов Зеланд.
- Тука Новозеланѓанец. Семејство непослушни патници од Велика Британија ја заобиколува земјата и создава проблеми. Повеќе случаи на кражба, оставање на просторот за пикник прекриен со ѓубре, непристојност кон угостителските работници... Да, ова е најголемата вест што се случи во Нов Зеланд оваа година.
Во меѓувреме, терористички напад во хотел во Кенија и во црква на Филипините.
Од Малдивите јавуваат: - Тонеме прилично брзо.
Мексико: - Гасење на нафтовод за да се спречи нелегалниот пазар и последиците... Голема експлозија што предизвика над 100 смртни случаи.
Несреќата се случила откако крадци ја пробиле цевката за да украдат гориво.
- Владата на Порторико е пред банкрот и на улиците владее хаос, дрога и насилство.