Овој период се популарни хорор-филмовите поради претстојниот празник Ноќта на вештерките, кој се одбележува во САД и во други делови од светот. Меѓутоа, некои луѓе не сакаат да гледаат хорор-филмови. Сепак, тоа не значи дека нема филмови што не се страшни, а може да се гледаат периодов.
„Хокус покус“ (Hocus pocus)
Веројатно веќе го знаете филмов. Тој се фокусира на три сестри кои се вештерки, а кои се во потрага по души од деца кои ќе им ја вратат младоста. Оние што растеле во 90-тите години добро го знаат овој филм. Доколку ви се допадне, треба да знаете и дека неодамна излезе продолжение од филмот под наслов „Хокус покус 2“ (Hocus pocus 2).
Куќа на чудовишта (Monster house)
Ова е анимиран филм од 2006 година. Филмот е смешен и совршен за овој период, а гласовите ги позајмуваат Меги Џиленхал, Фред Вилард, Кетрин Охера, Стив Бусеми и други.
„ПараНорман“ (ParaNorman)
Станува збор за анимирана приказна за момче кое може да разговара со мртвите. Филмот излезе во 2012 година.
„Куќа на прогонетиот рид“ (House on haunted hill)
Не може да погрешите со филм на Винсент Прајс. Овој негов филм е за повеќе луѓе што се заробени во куќа која е прогонувана. Набргу, од делови од куќата почнуваат да излегуваат секакви работи.
„Младиот Франкенштајн“ (Young Frankenstein)
Сите ја знаеме приказната за Франкенштајн според книгата на Мери Шели. Овој филм е адаптација на книгата, но е поинаков од другите адаптации. Тој е еден од најсмешните филмови базирани на оваа приказна.
Извор:
Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)