X
 18.06.2020 Живот

Последици од непрекинатото гледање серии и филмови

Застрашувачка визуализација го прикажува најлошото сценарио од непрестајното гледање серии и филмови на „Нетфликс“.

Истражувачите од веб-страницата „Onlinegambling.com“ анализирале податоци од различни истражувања за тоа како седентарниот и затворен животен стил влијае врз човечкото тело.

Податоците биле искористени за да се создадат Ерик и Хана, компјутерски генерирани маж и жена кои се зависници од гледање серии и филмови во 2040 година.

Сивата кожа, темните кругови под очите и дебелината се најочигледните заболувања што ги погодуваат Ерик и Хана, но истражувачите велат и дека се изложени на зголемен ризик од дијабетес, рак на дебелото црево и проширени вени.

- Ги искористивме нашите истражувања за да ви покажеме како би можеле да изгледате ако не ги промените вашите навики. Од дебелина и лошо држење на телото, до предвремено стареење и крвави очи, ова се само некои од лошите ефекти што може да ги предизвика овој нездрав начин на живот. Создадовме 3Д-модели за да ви ги покажеме сите телесни оштетувања од постојано гледање телевизија и седење. Ве предупредуваме, не е убава глетка.

1
Фото: Onlinegambling.com

Еден од лошите ефекти од постојаното седење на каучот и гледање телевизија е појавата на ќелавост. Причината за тоа е што не добивате доволно витамин Д од сонцето. За мажите, тука е и ризикот од рак на дебелото црево, но и дијабетес.

Пандемијата на коронавирусот ги натера луѓето да седат дома и повеќе да ги користат стриминг-сервисите. Тоа го покажуваат и бројките - во првите три месеци од 2020 година само „Нетфликс“ имал 182 милиони корисници.

Извор: Daily Mail
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот