Онлајн-наставата тече, а и покрај трудот на многу наставници, како и изработката на кодекс за однесување на онлајн-час и негово имплементирање во наставата, дел од учениците не го почитуваат. А на однесувањето не внимаваат ниту дел од родителите. Наставниците раскажуваат различни примери на дефокусирање на часовите и велат дека ќе треба време за дел од децата и родителите да научат да се однесуваат и при ваква настава.
Јадат грицки, си играат со играчки, играат видеоигри на час, се вртат во столовите, седат во пижами...
Децата првично не беа подготвени за онлајн-настава. Ги ослободува самиот факт дека се дома. Периодов се изнагледав еден куп комични ситуации. На пример, седат со нозете на бирото, јадат грицки на час и сите слушаме грицкање, лежат во спална, покриени со ќебе... Но, не се откажувам, вели наставникот Михајловски.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.