X
 28.10.2022 Живот

Јапонските „желка-такси“ ветуваат дека ќе ве возат што е можно побавно, но под еден услов

„Желка-такси“ е релативно нов вид такси-услуга што започна во Јокохама, Јапонија. Како и секој друг превозник, и овој превезува патници од точка А до точка Б, но со една клучна разлика - не мора да вози брзо.

Општо земено, таксистите сметаат дека е нивна должност да ги однесат патниците до нивната дестинација што е можно побрзо, без обрнување внимание на сообраќајните правила, другите учесници во сообраќајот и животната средина. Но, луѓето што стојат зад оваа компанија откриваат дека многу луѓе кои користат такси не мора нужно да брзаат.

„Желка-такси“ им овозможува на патниците да изберат дали сакаат возачот да забрза или да забави со притискање на специјалното копче наменето за тоа. Ако патниците не брзаат, можат да го притиснат копчето за да му укажат на возачот дека може да забави, што очигледно е побезбедно и попријатно за сите.

turtle
Фото: Screenshot/YouTube

Оваа такси-услуга е основана од компанијата „Санва котсу груп“, која 10 од вкупно 500 такси-возила ги преименува во „желка-такси“ и специјално ги обучи таксистите да возат што е можно побавно и поопуштено, како и да избегнуваат остри кривини.

Овој тип услуга е особено популарен кај постарите луѓе, бремените жени, мајките со мали деца, како и туристите кои сакаат да го истражуваат градот.

Оваа такси-компанија за кратко време доби голем број позитивни критики, а со оглед на тоа што бројот на повици се зголемува од ден на ден, компанијата одлучи да го прошири овој вид такси-превоз и во други поголеми градови во Јапонија.



Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот