X
 15.09.2019 Живот

Оние што знаат како со парите никогаш не ги купуваат овие работи

Финансиската интелигенција кај некои е вродена, додека другите ја учат - а се сведува на паметно трошење и добра самоконтрола.

Не мора да бидете богати за да бидете добри со парите, бидејќи управувањето со парите повеќе зависи од навиките на човекот отколку од неговиот приход, велат експертите. Луѓето што знаат како да управуваат со парите секогаш бараат начин за живот во своите можности, за да потрошат помалку отколку што е потребно и тие не се милионери, туку луѓе со просечни примања.

Овие луѓе помалку подигнуваат кредити, а ако ги имаат, порано ги исплаќаат, не влегуваат во минуси, не купуваат работи на милион рати и што е најважно - успеваат да заштедат.

Постојат некои купувачки и потрошувачки навики што едноставно немаат смисла за луѓето што знаат како да раководат со парите, а ова се седум работи што тие нема да ги купат.

пари

1. Нов автомобил

Луѓето што имаат цел или дел од износот заштеден за купување автомобил или можеби имаат и поголем износ заштеден во банка најчесто возат автомобили стари од 2 до 5 години. Зошто? Реално, не дека не можат да си дозволат нов, туку се свесни дека новите автомобили губат 10 отсто од својата вредност уште во првиот месец по купувањето, а 20 отсто во текот на првата година.

2. Не земаат автомобили на лизинг

Иако лизингот и понатаму вклучува депозити, додека месечните рати може да бидат пониски од кредитот, со лизинг не станувате сопственик на нешто. Иако лизингот се чини како добар начин за краткорочно избегнување на долг, оние што знаат како со парите тоа го гледаат на друг начин.

- Ако ве мотивира најмал долготраен трошок, најмногу смисла има да купите автомобил и да го задржите - вели Алаин Нана-Синкам.

Оние што знаат како со парите не се наоѓаат во ситуација секогаш да сакаат нешто ново или подобро, па лизингот не е опција за нив.

3. Не купуваат куќа или стан што не можат да си го дозволат

Најдобра недвижност е онаа што можеш да си ја дозволиш - истакнуваат експертите.

Не треба да пресметуваме кој е најголемиот кредит што можеме да го исплаќаме бидејќи секогаш може да дојде до непредвидливи случки - боледување, отказ, пензионирање итн.

Единствена паметна работа е да се издвојуваат пари настрана за што порано да се исплати кредитот, за да се намали каматата.

4. Не купувајте работи на картичка

Нема ништо лошо во купувањето со картичка, но ако плаќаме со картичка бидејќи ги немаме тие пари, всушност се задолжуваме, а таквото однесување води до тоа кога ќе ги вратиме парите за долгот, да имаме недостиг на пари за работи што не се опција, туку реална обврска - гориво, храна и слично. Тоа доведува до магичен круг во кој постојано се плаќаат камати.

5. Не купуваат дизајнерски луксузни предмети

Луѓето што знаат како со парите се помалку заинтересирани за брендови и марки - особено што се однесува до работи како облека, накит и слично. Тие повеќе би ги потрошиле парите за работи што подоцна ќе имаат поголема вредност и ќе можат да се продадат - недвижности и слично.

6. Не купуваат неквалитетни работи

Кога ќе се одлучите парите да ги потрошите на безвредни работи, добивате безвредни резултати. Старата поговорка вели - не сум доволно богат за да купувам евтини работи.

Не купувајте го она што е најевтино, купете го она што мислите дека е најдобро. Значи, подобро е да купите една поскапа, но квалитетна маица на секои четири или пет години отколку секоја година да купувате една евтина и лоша.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот