X
 27.01.2019 Технологија

Марк Закерберг мисли дека не му верувате на „Фејсбук“ зашто не го разбирате

Сите можеме да се согласиме дека оваа година не беше баш најдобра за „Фејсбук“. Довербата на корисниците опадна на рекордно ниско ниво бидејќи компанијата се соочуваше со низа скандали.

Во четвртокот „Вол стрит џурнал“ објави цел ферман од Марк Закерберг за практиката на компанијата да собира податоци под наслов „Фактите за Фејсбук“. Во него Закерберг пишува дека компанијата била за луѓето и инсистира дека треба да ѝ веруваме. Закерберг изгледа мисли дека главната причина поради која корисниците имаат мала доверба во способноста на компанијата одговорно или етички да раководи со нивните податоци е практиката на таргетирано рекламирање, за кое тој пишува: „Овој модел можеби изгледа нејасен, а сите сме сомничави кога станува збор за системи што не ги разбираме“.

Тој продолжува дека некогаш ова значи дека луѓето претпоставуваат дека се прават нешта што не се прават.

- На пример, не продаваме податоци за луѓето, иако често се известува дека го правиме тоа. Всушност, продавањето на информациите за луѓето на оние што се рекламираат би било контра нашите бизнис-интереси бидејќи тоа би ја намалило вредноста на нашите услуги кај оние што се рекламираат. Имаме силен мотив да ги заштитиме информациите на луѓето да не може да им пристапи некој друг - истакна Марк.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија