Универзумот е огромен, а нештата што летаат во него исто така се прилично големи. Но, за колку големи објекти зборуваме? Лесно е да се заборави обемот на космичките објекти додека се занимаваме со секојдневните работи. Но, една точна споредба може да ни помогне да сфатиме колку, всушност, сме мали.
3Д-аниматорот
Алваро Гарсија Монтоја ни покажа колку навистина се големи некои астероиди во нашиот Сончев Систем и ги спореди со големината на Њујорк за да можеме да го сфатиме сето тоа.
- Мојот канал е специјализиран за споредба на големини. Видов дека речиси и нема видеа за астероиди, па мислев дека би било добра идеја да се направи едно. За да го завршам проектот, ми беше потребен речиси еден месец - вели аниматорот.
Според него, имаме доволно проблеми и не треба да се грижиме за астероидите. Сепак, тој посочува дека е важно да се има на ум дека некои астероиди може да бидат опасни, а во таков случај е важно да се осигуриме дека нема да се судрат со Земјата.
- Иако некои се многу големи, најопасни се малите бидејќи тие се најтешки за откривање - вели Алваро.
На снимката може да се видат астероиди од 2008 ТЦ3, чиј среден дијаметар е околу 4,1 метри, до 3200 Фајетон, кој има среден дијаметар од 5,8 километри и 1 Церера, чиј среден дијаметар е околу 939 километри.
Ова не е првпат Алваро да се занимава со универзумот. Претходно создаде прекрасна анимација во која се споредени големините на планетите, месечините и другите небесни тела во нашиот Сончев Систем.
Кога сме веќе кај астероидите и Њујорк, треба да се напомене дека од НАСА ги проучуваа можните последици од удар на астероид врз Њујорк. Да, од НАСА всушност направија симулација на астероид широк околу 61 метар кој удира во можеби најголемиот град на Земјата.
Според научниците, астероид со толкава големина би го погодил Њујорк со сила од илјадници нуклеарни бомби како оние што ја погодија Хирошима. Само влијанието би предизвикало до 1,3 милион смртни случаи бидејќи Централ парк и Менхетн би биле целосно уништени.
Но, не грижете се. Симулацијата била направена со намера да се задржат астероидите подалеку од нашата планета. Ако астероид почне да лета кон Земјата, ќе знаеме однапред.
Насловна фотографија: Bored Panda