X
 06.12.2019 Забава

Почна предновогодишната еуфорија - поставени најскапите елки во светот

Во светот завладеа новогодишната еуфорија, а најскапите и најнеобични елки веќе се на своите вообичаени места. Вечерва ќе блесне и онаа пред Белата куќа.

Пред Рокфелер-центарот во Њујорк е поставена норвешка смрека висока 23,5 метри, а одгледувана 60 години. Ја засадила Керол Шулц во својот двор, по Божиќ. Оваа елка сега е украсена со три милиони кристали „Сваровски“.



На друг крај од светот, во Вилнус – главниот град на Литванија, на метална конструкција висока 50 метри е поставена елка од 27 метри. Осветлена е со сино-бели лампиони и личи на шаховска фигура.

А, пак, пред Капитол хил во Вашингтон има сина оморика, донесена од Ново Мексико. Беше накитена од самите граѓани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава