X
 27.03.2019 Живот

500 години во 59 секунди: трката да се биде најголемиот град во светот

Фасцинантен интерактивен графикон ги прикажува промените во 10. најнаселени градови во светот од 1500 до 2018 година. Видеото ги покажува првите 10 најнаселени градови во светот од 1500 до 2018 година.

- Во почетокот на 16 век повеќето луѓе живееле на исток или источно од Европа и Северна Африка или источно од самиот свет, во Индија и Кина - вели Џон Брн-Мрдок, кој го создал видеото.

Пекинг започнува со водството, но наскоро му се приближува Истанбул, околу 1600 година. Во средината на 18 век Лондон се вклучува во топ-3 града, а неговата популација тогаш почнала да се зголемува како што Индустриската револуција зела сè посилен замав.

Главниот град на Велика Британија продолжил да биде на прво место сè до 20 век, кога го престигнал Њујорк, а потоа и Токио, кој останува најнаселениот град во светот.

Анимацијата завршува во 2018 година со првите пет града во Азија (Токио, Делхи, Шангај, Пекинг и Мумбаи). Ниту еден европски град не се најде во првите 10.

Податоците пред 1900 година се од историската урбана населеност на НАСА. Од 1900 година тие биле споени со податоците од ОН и Демографијата за урбани агломерации.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот