X
 03.11.2020 Здравје

За 70% зголемен бројот на заболени од Ковид-19 во последната недела. Најмногу во Скопје

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 26 октомври до 1 ноември 2020 година, тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6% во однос на претходната недела.

Регистрирани се 5.800 нови позитивни случаи од 35 града во државата со зголемување од 70,1% споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (46,4%), каде што е забележана и највисока неделна инциденца (број на заболени на 100.000 жители).

Во наведениот период процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е групата на лица на возраст 30-39 години (22,1%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (20,2%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.
Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8% во однос на една недела претходно. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50 до 59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи 30-39 години и 20-29 години.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје