Во ново истражување се претставени детали за пациентка со ХИВ која го имала коронавирусот 216 дена. Според истражувањето, вирусот мутирал над 30 пати додека бил во телото на пациентката.
Меѓу другото, жената имала мутација Е4845 која припаѓа на британскиот сој, како и мутацијата Н510И, дел од сојот кој бил забележан првпат во Јужноафриканската Република. Коронавирусот мутирал во таканаречениот шилест протеин 13 пати, а преостанатите 19 мутации биле поврзани со неговото однесување.
Истражувањето сè уште не било рецензирано и не е јасно дали пациентката заразила некого со коронавирус.
Фото: Pixabay
Жената била вклучена во истражување со 300 испитаници заболени од ХИВ во кое се анализирала нивната имунолошка реакција на ковид-19. Доктор Хуан Амбросини, професор по заразни болести на Универзитетот на Барселона, изјавил дека други пациенти што имале здравствени проблеми кои влијаат врз имунолошкиот систем го носат коронавирусот подолго време.
Во еден таков случај, пациентка на која ѝ бил трансплантиран бубрег била позитивна за ковид-19 речиси една година, иако имала слаби симптоми.
Извор:
interestingengineering.com