X
 30.03.2020 Здравје

Уште еден починат од коронавирус. Регистрирани 26 новозаразени, а од болница испишани 9 пациенти

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години од Дебар. Пациентот бил дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба бил хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие си заминаа дома.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови заразени со коронавирус во земјата.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во земјата денеска до 12 часот изнесува 285 лица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје