X
 27.04.2020 Здравје

Оздравени 53 пациенти, 13 нови случаи на Ковид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од Kовид-19, информира Министерството за здравство. По градови: Скопје - 25, Куманово - 13, Прилеп - 5, Струга - 1, Битола - 4, Охрид - 1 и Кочани -4. Денеска се потврдени 13 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје - 4, Куманово - 5, Прилеп - 2 и Тетово - 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста, и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете страдале од висок крвен притисок.

Во градската болница „8 Септември“ почина едно лицe од Куманово на возраст од 47 години, примено на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучено на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.399, а сликата по градови е следна:

-Скопје – 475

-Куманово - 376

-Дебар – 51

-Штип-34

-Прилеп –143

-Тетово – 75

-Струга – 64

- Велес – 66

-Битола –19

-Охрид –15

-Кавадарци - 5

-Гостивар –15

-Гевгелија – 4

-Струмица – 2

-Крива Паланка-5

-Радовиш - 4

-Крушево – 3

-Кочани – 28

-Пробиштип – 2

-Кичево – 2

-Неготино -4

-Демир Хисар – 1

-Македонски Брод -2

-Пехчево- 1

-Валандово -1

-Виница - 2

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје