X
 27.04.2022 Живот

Неколку правила што треба да ги знаете доколку патувате во Грција

Грција е популарна туристичка дестинација за жителите од регионот, но и од целиот свет. Доколку се одлучите да патувате таму летово, еве неколку факти што треба да ги знаете.

Внимателно на улиците

Бидете внимателни кога поминувате улица во Грција бидејќи возачите често не обрнуваат внимание на пешачките премини. Доколку сте во поголем град, како Атина, можеби е подобро да користите такси или јавен превоз отколку автомобил бидејќи така полесно ќе се движите низ градот.

Оставете ги скинатите фармерки

Доколку сакате да одите во грчка црква или манастир, треба да знаете дека се смета за непристојно доколку не се облечете соодветно. Колената и рамената треба да бидат покриени, без разлика дали сте маж или жена.


Фото: Pixabay

Тестови за ХИВ

Во Грција е донесен закон со кој грчката полиција може да приведе лица за кои се сомнева дека се ХИВ-позитивни и да ги принуди да се тестираат. Освен тоа, на сопствениците на станови и куќи им е дозволено да ги иселат гостите доколку се ХИВ-позитивни, што се смета за закана за јавното здравје.

Не ширете ги дланките

Кога Грците ги пружаат дланките со раширени прсти, тоа е знак за неодобрување. Возачите често го користат ова, а доколку го направите тоа без причина, може другата страна да биде навредена.

Извор: DDL
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот