Од своите почетоци во 80-тите години, милијардерот Блумберг успеа да се прошири надвор од финансиските услуги што ги нудел.
Неодамна тој се осврна на отказот што го добил пред неколку децении и како тој влијаел врз неговиот професионален пат, што на крајот го претворил во претприемачки успех на Вол стрит. Сега тој има совети за другите што сакаат да бидат успешни.
- Кога имав 39 години, бев отпуштен од единствената работа со полно работно време што некогаш сум ја имал, работа што ја сакав. Наредниот ден почнав сопствен бизнис врз основа на идејата за која речиси сите мислеа дека ќе пропадне - да им ги направам финансиските информации достапни на луѓето, директно на нивните компјутери - напиша тој на својот линкдин-профил.
Неговиот прв работодавец била инвестициската банка „Саломон брадрс“, каде што работел 15 години, од 1966 до 1981 година. Банката потоа ја купила друга компанија, па во тој период Блумберг останал без работа, земајќи отпремнина од 10 милиони долари.
- Запомнете, ова беше пред луѓето да имаат десктоп-компјутери. Неуспесите ќе бидат само тоа, неуспеси, ако им го дозволите тоа. За да успеете, прво мора да бидете подготвени на неуспех - пишува тој.
Денес, околу 325.000 луѓе ги користат терминалите на Блумберг. Од своите почетоци во 80-тите години Блумберг се проширил надвор од финансиските услуги што ги нуди.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Screenshot/YouTube