X
 31.05.2016 Живот

Како да ја измерите сопствената емоционална интелигенција?

Човечките вештини кои одредуваат како се однесуваме и како реагираме во врските со останатите многу значат. Поставете си ги следниве прашања за да видите каде се наоѓате на ова поле.

Самосвест

Дали знаете што ве прави лути, што прави да се чувствувате тажни? За некои луѓе ова е животен процес, но една едноставна вежба може да ви помогне. Поставете повеќе аларми во текот на денот. Кога ќе се исклучи алармот, застанете неколку моменти за да откриете што чувствувате и зошто се чувствувате така. Запомнете дека за да ги препознавате чувствата на останатите мора да ги знаете своите.

Емоционален баланс

Кога се чувствувате тажни или лути, дали избувнувате или плачете? Не можеме да одбегнуваме ситуации кои не` прават лути или тажни постојано, но може да го контролираме начинот на кој реагираме на нив. Психологот Долф Зилман од Универзитетот во Алабама спровел истражување за бесот кај луѓето и открива два начини на контрола на истиот: размислувајте за причината за бесот и „изладете се“ физиолошки чекајќи бесот да исчезне.

Добро слушање

Кога некој ви зборува, колку добро се фокусирате на нив и она што зборуваат? Доколку не слушате, нема да ги разберете чувствата на останатите. Додека зборувате со некого, ослободете се од се` што ви го одвлекува вниманието и фокусирајте се само на разговорот.

Тимска работа и соработка

Колку добро работите заедно со другите? Дали луѓето се релаксирани кога работат со вас? Доколку колегите се опуштени додека се со вас, тоа е добар знак. Тоа значи дека сте направиле емоционална врска. Колку посилно сте врзани со некого, толку поефективни ви се разговорите и заедничката работа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот