X
 27.06.2019 Живот

Вчера почнаа, денеска завршија субвенциите за електрични тротинети на Град Скопје

Завршија субвенциите на купување електрични тротинети откако во Град Скопје денеска до 12 часот пристигнале 200 барања. Со тоа е исцрпен предвидениот буџет, соопшти Град Скопје. Интересно е што јавните повици за субвенционирање беа отворени вчера. Субвенционирањето ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.

- Исполнет е условот за завршување на јавниот повик. Сите дополнителни барања на граѓаните за субвенции за електрични тротинети веќе нема да се примаат во Архивата на Град Скопје – пишува во соопштението.

Тие 200 граѓани што ги поднесоа барањата од Град Скопје ќе добијат субвенции до 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Оваа е една од мерки што Град Скопје ги презема во насока на промоцијата на мобилностa и алтернативните начини на превоз.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот