Сè повеќе истражувања покажуваат дека музиката позитивно влијае на менталното здравје. За тоа зборува и фактот дека веќе се користи терапија со музика во третманите за анксиозност, депресија и други потешкотии. Еве неколку причини зошто музиката е добра за менталното здравје.
Го намалува стресот
Истражувањата покажуваат дека амбиенталната музика може да го намали стресот и да влијае на тоа да се чувствуваме смирено и опуштено.
Го подобрува фокусот
Понекогаш е тешко да се концентрираме во текот на летото, а затоа музиката може да биде од помош. Таа помага подобро да се фокусирате и да им пристапите на обврските без притисок и стрес.
Ни ја буди носталгијата
Музиката ги активира деловите од мозокот кои се поврзани со сеќавања и емоции, што објаснува зошто вистинската песна може за еден момент да не врати во детството или средношколските денови.
Музиката помага со несоницата
Музиката нè опушта и го намалува стресот, па затоа ни помага и подобро да спиеме. Во истражување од 2018 година, 62 отсто од испитаниците кои страдаат од несаница изјавиле дека користат музика за полесно да заспијат.
Извор:
Studentski
Насловна фотографија: Pixabay