Американскиот претседател Доналд Трамп одби средба со канадскиот премиер Џастин Трудо бидејќи на неговите луѓе не им се допаѓаат канадските преговарачи.
Трамп за време на конференцијата за медиуми во Њујрок, на прашањето дали го одбил Трудо, тој рече:
-Да, го одбив. Му реков да заборави на средбата и искрено, размислувам за тоа да започниме да ги оданочуваме автомобилите што доаѓаат од Канада - додавајќи и дека канадските царини за млеко се превисоки, а не делува дека за брзо време ќе бидат намалени, пренесува Си-Би-Ес.
Канадскиот премиер во мејл на Си-Би-Ес напишал дека не ни бил побаран состанок и дека нема коментар за изјавите на Трамп.
-Многу сме незадоволни со преговорите и преговарачкиот стил на Канада. Не ни се допаѓа нивниот претставник - изјави
Трамп.