X
 29.10.2023 Живот

Возилата во кафеава боја најчесто учествуваат во сообраќајни несреќи

Ново истражување за боите на автомобилите кои најчесто се вклучени во сообраќајни несреќи открива дека сопствениците на кафеави автомобили се најизложени на ризик од сообраќајни несреќи.

Според соопштението на компанијата за податоци за автомобили „Карвертикал“, која го спроведе истражувањето, тоа се базира на милиони извештаи за автомобили генерирани од корисниците оваа година.

Истражувањето покажа дека иако возачите на кафеави автомобили претпочитаат доверливост, луксуз и удобност, но тоа не ги штити од учество во сообраќајни несреќи, па така од сите возила на патиштата најчесто се оштетуваат кафеавите (51 отсто).

Жолтата и црвената боја високо на листата

Возачите што избираат жолт автомобил сакаат да бидат во центарот на вниманието, па бидејќи се полни со енергија, најголема е веројатноста да го притиснат педалот за гас (50,6 отсто). Автомобилите со црвена боја се веднаш зад нив со 49,8 отсто.

2
Фото: Freepik

Истражувањето наведува дека жолтата и црвената боја често се користат за спортските автомобили, што укажува дека на сопствениците на овие автомобили им се допаѓаат брзината и ризикот.

Експертот за автомобили Матас Бузелис од „Карвертикал“ објаснува дека не постои директна врска помеѓу бојата на автомобилот и стапката на штета направена врз автомобилот.

- Не постои директна врска помеѓу бојата на автомобилот и историските стапки на штета или просечната моќност на моторот. Можеме да претпоставиме дека сите овие автомобили со највисоки историски стапки на несреќи често се избираат од возачи кои сакаат да се издвојат од толпата. Можеби тие се подготвени да преземат малку повеќе ризик во секојдневното возење - рече Бузелис.

Светлите бои се побезбедни

Возачите на автомобил со светли боја често се доживуваат како ексцентрични, но светлите бои се сметаат и за побезбедни бидејќи таквите автомобили се повидливи при лоши временски услови или при слаба осветленост.

Белите автомобили се издвојуваат во однос на нивната околина, што им олеснува на пешаците и другите возачи да ги забележат, но ситуацијата е сосема поинаква со сивите или црните возила, кои тешко се гледаат кога времето е дождливо. Исто така, посветлите автомобили полесно се забележуваат навечер, со што се подобрува безбедноста на нивните сопственици, а иако портокаловата боја не е најчестата боја на пазарот на половни автомобили, експертите за автомобили сметаат дека е добар избор за оние што сакаат да бидат забележани на патот.

Според истражувањето, сивата (44,7 отсто) и белата (44,5 отсто) се најбезбедни бои, што значи дека автомобилите со овие бои поретко прават несреќи.

Иако статистиката за несреќи зависи од многу фактори, како што се условите на патот и густината на сообраќајот, изборот на одредени бои може да им помогне на возачите да бидат побезбедни.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот