Стотици британски родители протестираа пред едно училиште во Бирмингем бидејќи се против нивните деца да учат за истополови парови и полов идентитет.
Од канцеларијата за стандарди во образованието, детски услуги и вештини (Oфстед) велат дека е многу важно децата да се изложени на различности во општеството. Според инспекторката Аманда Спилман, важно е децата да знаат дека постојат семејства што имаат две мајки или двајца татковци.
Фото: BBC
Родителите што протестираат сметаат дека овие лекции, кои се дел од училишната програма „No Outsiders“, се во спротивност на нивната вера.
- Децата кои случајно ќе сфатат дека не припаѓаат на мнозинството, важно е да бидат свесни дека не се лоши или болни - вели Спилман.
Родителите се револтирани затоа што Ендрју Мофат, еден од наставниците што ги започнал лекциите, бил хомосексуалец и ги промовирал личните верувања и убедувања за универзална прифатливост на хомосексуалноста како нормална и морално коректна.
Но, Спилман вели дека лекциите се за децата да научат дека некои луѓе не сакаат да се венчаат со некој од спротивниот пол.
- Треба да се осигуриме дека децата кои сами сфаќаат дека не одговараат на конвенционалниот модел, нема да мислат дека се лоши или болни - рече таа и додаде дека лекциите за ЛГБТ-темите се доста важни.
Фото: BBC
Една британска мајка, која сакала да остани анонимна, го обвинила
училиштето затоа што всадува идеи во детските глави. Таа тврди дека нејзината ќерка е премногу млада за да знае што се случува во нечија спална соба.
Сепак, Спилман вели дека лекциите се за сфаќање на разликите во едно општество. Таа вели дека ги прифаќаме одлуките на мнозинството, што значи дека секогаш ќе постојат работи што не сите ние ги сакаме.