Силен земјотрес беше регистриран пред 9:30 часот утрово (по локално време), со епицентар во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Китира. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Грција, земјотресот бил со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот беше особено почувствуван на островот Крит, а засега нема пријави за повредени лица или материјална штета.
Фото: EMSC
Иако епицентарот беше на над 250 километри од Атина, беше почувствуван и во грчката престолнина.
Грчките медиуми претходно информираа, според првични информации, дека земјотресот бил со интензитет од 5,8 степени.
Извор: МИА