X
 30.10.2020 Живот

Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Турција, во Измир се срушија 20 згради

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на градот Сеферихисар во Турција, во западната провинција Измир, известува „Дејли Сабах“.

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море, на длабочина од 16,5 километри, но се почувствувал насекаде низ Измир и во делови од Истанбул, а и во Грција. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјавил дека засега има известување за рушење на 6 згради во делови од Измир, а во околните провинции се пријавени и други помали штети.



Според градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, речиси 20 згради во градот се срушиле.

На социјалните мрежи постојано се објавуваат снимки и фотографии на кои може да се види штетата направена од земјотресот, па дури и рушење на згради.

Досега нема известувања за жртви.

Извор: dailysabah.com
Фото: dailysabah.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот