X
 14.01.2015 Образование

Студентите денес на протест пред Собрание на РМ



Денес ќе се одржи студентски протест пред Собранието на РМ на тема "Пратениците го трчаат почесниот круг". Од пленумот велат дека насловот на настанот е ироничен во смисла на тоа дека пратениците ќе ја истрчаат последната лоша трка, односно последната фаза на пленарната седница во која законот за високо образование финално ќе биде изгласан.

Студентите ќе ги пречекаат пратениците пред Собранието на Македонија со црвени маратонски ленти за трчање, како симболичен израз на последната трка, односно пленарната седница на која треба да бидат изгласани реформите во високото образование. Претставници и на Студентскиот и на Професорскиот пленум велат дека ако законот биде усвоен, тие ќе започнат поинаков начин на протест како кампување пред универзитетите и одржување настава на отворено.

Протестот е закажан за денес во 11 часот

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование